Иран поднесе жалба до ФИФА поради лош третман на СП

Иранците сметаат дека строгите ограничувања при влез во САД ги ставиле во неповолна ситуација во однос на другите учесници на Светското првенство (СП).

Фудбалскиот сојуз на Иран поднесе жалба до Светската фудбалска федерација (ФИФА), затоа што сметаат дека ограничувањата влијаеле врз нивните подготовки за настап на Мундијалот.

Најголем проблем претставува фактот дека репрезентацијата на Иран во САД може да допатува еден ден пред натпреварот, додека земјата мора да ја напушти веднаш по натпреварот.

Таквите правила ги отежнуваат тренинзите и одморот на фудбалерите, а селекторот смета дека неговата селекција била „најугнетувана“ на турнирот.