Интер не ризикува – го „врза“ шампионскиот тренер најмалку до 2028 година!

Актуелниот италијанскиот првак, екипата на Интер, ја продолжи соработката со тренерот Кристијан Киву, кој потпиша нов договор и ќе остане на клупата на „нераѕурите“ најмалку до летото 2028 година.

Раководството на миланскиот клуб одлучи да ја награди успешната работа на романскиот стратег, откако „нераѕурите“ под негово водство ја освои двојната круна, триумфирајќи во Серија А и во Купот на Италија. Во клубот владее целосна доверба во Киву, кој ќе има задача да ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и да го врати Интер во самиот европски врв во наредните сезони.

Романецот е добро познато име за навивачите на Интер и како фудбалер. Во дресот на составот од Милано настапуваше од 2007 до 2014 година, период во кој освои три шампионски титули, два Купа на Италија и трофејот во Лигата на шампионите во 2010 година. Пред преселбата во Милано играше за Универзитатеа Крајова, Ајакс и Рома, а по завршувањето на играчката кариера се врати во Интер, каде работеше во младинската академија пред да ја добие шансата да го предводи првиот тим.