Познати се составите: БиХ со Џеко ќе ја нападне Швајцарија (ФОТО)

Фудбалерите на Швајцарија и Босна и Херцеговина ќе се соочат вечерва од 21 часот во второто коло од Светското првенство (СП).

Селекторот на БиХ го врати искусниот напаѓач Един Џеко во составот за дуелот против Швајцарија, а освен него ќе играат и Васиљ, Мухаремовиќ, Колашинац, Тахировиќ, Дедиќ, Демировиќ, Шуњиќ, Мемиќ, Катиќ и Алајбеговиќ.

Швајцарија ќе настапи со Кобел, Видмер, Аканџи, Елведи, Родригез, Џака, Фројлер, Аебишер, Ндоје, Ридер и Емболо.

Дуелот меѓу Швајцарија и БиХ се игра вечерва од 21 часот во Лос Анџелес.

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine