Чешка и Јужна Африка со реми го отворија второто коло на СП (ВИДЕО)

Фудбалерите на Чешка и Јужна Африка ремизираа (1-1) во првиот натпревар од второто коло на Светското првенство (СП).

Чешка постигна гол за водство во шестата минута преку Михалис Садилек, по што водството го чуваше до самата завршница од дуелот, кога Јужна Африка избори пенал.

Тебохо Мокоена беше прецизен од белата точка во 83. минута и со тоа донесе бод за Јужна Африка.

Чешка и Јужна Африка имаат по еден бод и се наоѓаат на делба на третата позиција, додека Мексико и Јужна Кореја имаат по три поени и еден одигран меч.