Мартинез објасни зошто не го извади Роналдо од игра
Селекторот Роберто Мартинез застана во одбрана на португалскиот фудбалер и кажа зошто не го извадил од игра.
„Мислам дека нема логика да го вадите Кристијано Роналдо кој е најдобар стрелец во историјата на фудбалот во момент кога ви е потребно да дадете гол“, рече Мартинез.
Роналдо не само што не постигна погодок, тој не ни влегуваше во шанси.