Беше ли оштетена Хрватска за поништената пенал-одбрана на Ливаковиќ? (ВИДЕО)

Англија поведе против Хрватска со голот на Хари Кејн од пенал на почетокот на натпреварот, но на напаѓачот му требаа два обиди за да го совлада Доминик Ливаковиќ, откако голманот првиот удар го одбрани, па пеналот мораше да биде повторен и тоа предизвика реакции на социјалните мрежи.

Голем дел од фановите објавија фотографии и видеа на социјалните мрежи и прашуваат како и зошто е поништена одбраната на Ливаковиќ при првиот удар на Кејн, затоа што сметаат дека неговата нога била на линијата во моментот на шутот на англискиот напаѓач.

Потоа се појави нова снимка која треба да ја потврди одлуката на судијата за повторениот пенал бидејќи од друг агол се гледа како Ливаковиќ не останал на гол-линија при изведување на ударот од белата точка.