Им продале 5.000 пива, а потоа повикале полиција да ги избрка

Ноќта пред натпреварот Англија-Хрватска, полицијата во Далас ги исфрлила англиските навивачи од паб.

Неколку од нив решиле да се искачат на балконот над кафулето и да ја продолжат забавата, а некои видеа ги прикажуваат како фрлаат саксии со цвеќе од балконот.

Оние кои ја послушале наредбата и го напуштиле пабот останале надвор повеќе од еден час, играјќи фудбал на улицата.

Иако на влезот од пабот пишува дека неговото работно време е подолго, на навивачите им било наредено да го напуштат во 22 часот по локално време од страна на полицијата. Полицијата пристигнала на барање на персоналот во пабот.

Полицијата соопшти дека пабот морал да се затвори рано бидејќи „капацитетот бил надминат“ и дека имало само двајца обезбедувачи на должност.

Според локалните медиуми, пред гостите да бидат избркани, пабот продал 2.352 шишиња пиво, и повеќе од 5.000 на точење, заработувајќи над 30.000 фунти за неколку часа.

Додека навивачите останале на улицата и на балконот од кафулето, голем број полициски автомобили биле распоредени на улицата до него. Полицајците само стоеле на улицата и гледале што се случува. По половина час, полицијата се повлекла, а групи навивачи на крајот им помогнале на келнерите да го исчистат и средат пабот.