Кукуреља бил договорен со Атлетико, но тогаш се појавил Реал!
Последните информации на „Марка“ велат дека Атлетико Мадрид имал вербален договор со Кукуреља.
Договорот бил постигнат и документите биле разменети и подготвени за потпис.
Но, пред да ги потпише, Кукуреља слушнал дека Реал Мадрид го сака и веднаш го прекинал контактот со Атлетико и го одбрал кралскиот клуб.