Шкендија, Силекс и Вардар ги дознаа можните противници за КЛ!
Шкендија синоќа дозна дека во првото коло ќе игра против Европа од Гибралтар, а доколку го минат овој противник, ќе играат против Браво од Словенија.
Силекс во првото коло игра против Динамо Минск, доколку помине, во второто квалификациско коло ќе се сретне со Нефчи од Азербејџан.
Во втората квалификациска рунда може да биде и Вардар, тоа ќе се случи ако загуби од Купс во квалификациите од Лигата на шампионите. Во таков случај, црвено-црните за противник би го имале Арарат од Ерменија или Рига од Летонија.
Натпреварите од второто коло во КЛ се играат на 23 јули и 30 јули.