Манчестер сити се договори со еден од најголемите француски таленти (ФОТО)

Еден од најголемите француски таленти, Херман Малонга ќе ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објави новинарот Фабрицио Романо.

Англискиот гигант постигнал договор со францускиот шампион ПСЖ за трансферот на 18-годишниот Малонга кој привлече големо внимание во изминатиот период.

Малонга важи за еден од најперспективните дефанзивци во францускиот фудбал, а од летово ќе го носи дресот на „граѓаните“.

Засега не се открива колку пари планира да исплати Манчестер сити за потписот на францускиот дефанзивецот.