Вардар го дозна ривалот во првото коло од квалификациите во ЛШ

Македонскиот фудбалски шампион Вардар на денешната ждрепка го доби Купс од Финска за прв ривал во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Првиот натпревар меѓу Вардар и финска Купс се игра на 7/8 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 14/15 јули во Финска во првото коло од квалификациите.

„Црвено-црните“ се враќаат во елитното натпреварување по пауза од повеќе години, односно последен пат настапија во 2017 година против Копенхаген.