Ирански фудбалер доби забрана за влез во САД - нема да игра повеќе на СП!
Крилниот напаѓач, Мехди Тораби, веќе нема важечка дозвола за повторен влез во АД, откако визата што ја добил била со само еднократна важност. Тој ја искористил за мечот против Нов Зеланд (2-2) во Лос Анџелес, кој по што според условите морал веднаш да се врати во базата на Иран во Мексико.
Иранците уште пред стартот на турнирот се соочија со сериозни административни проблеми. Дел од репрезентативците долго време не можеа да добијат американски визи, а на крајот им беше дозволен влез само под услов веднаш по натпреварите да ја напуштаат територијата на САД. Токму тоа сега му создаде дополнителен проблем на Тораби, кој без нова виза не може да настапи на преостанатите натпревари од групната фаза против Белгија и Египет, како ниту во евентуалната нокаут-фаза.
„Фудбалската федерација на Иран работи на обезбедување нова виза за Мехди Тораби“, соопштиле извори блиски до федерацијата.
Доколку тоа не се случи, 31-годишниот офанзивец практично ќе биде принуден предвреме да го напушти Светското првенство. Досега има одиграно 51 натпревар за иранската репрезентација и постигнато седум гола.
ФОТО: X / @Tarikh_Eran