Шкендија потпиша Бразилец од Тирана, а се раздели со двајца фудбалери!
Дваесет и шестгодишниот дефанзивен играч за врска во Тетово пристигнува од албанска Тирана, каде во минатата сезона забележа 32 настапи и постигна четири погодоци. Пред ангажманот во Албанија, Рафаел настапуваше во Португалија како член на Лешоеш.
Само неколку часа по потврдата за заминувањето на Лиридон Љатифи, Шкендија објави дека клубот го напушта и Ибрахим Алхасан. На нигерискиот фудбалер му истече договорот по крајот на сезоната и двете страни нема да ја продолжат соработката. Алхасан помина две години во дресот на тетовскиот состав, во период во кој освои една шампионска титула и беше дел од историскиот настап на Шкендија во Конференциската лига.