Спектакл на бејзбол-меч во Бостон – 10.000 Шкотланѓани урлаа на „Фенвеј парк“ (ВИДЕО)

Повеќе од 10.000 шкотски навивачи направија вистински спектакл на легендарниот „Фенвеј парк“ во Бостон, откако на бејзбол-натпревар имаше атмосфера каква што вообичаено се гледа на фудбалските стадиони.

По триумфот на Шкотска над Хаити (1-0) на СП 2026, познатата „Тартан армија“ масовно присуствуваше на специјалната „Шкотска вечер“ организирана за време на дуелот меѓу Бостон Ред Сокс и Тексас Ренџерс (4-6). Навивачите добија специјални дресови со тартан мотиви, а трибините одекнуваа со „Flower of Scotland“ и хитот „Yes Sir, I Can Boogie“, создавајќи несекојдневна атмосфера на еден бејзбол натпревар.

Култниот стадион „Фенвеј парк“, стар повеќе од еден век, во тие моменти потсетуваше на „Хамден парк“, домот на шкотската фудбалска репрезентација.