Мохеби го објасни „пукањето“ по голот за Иран

Прославата на голот на иранскиот репрезентативец Мохамад Мохеби на стартот на Светското првенство против Нов Зеланд предизвика голема дебата, а многумина неговиот потег го протолкуваа како политичка порака.

Мохеби се најде во центарот на вниманието откако во 64. минута го постигна израмнувачкиот гол за Иран во првиот натпревар од групната фаза против Нов Зеланд. Иако неговиот погодок му донесе реми на тимот со резултат 2-2, прославата на 27-годишниот фудбалер набрзо ги засени случувањата на теренот.

По постигнатиот гол тој во еден момент од прославата гестикулираше пукање со пиштол, а тоа ги налути америкманските навивачи кои бурно реагираа на социјалните мрежи.

Во изјава по дуелот тој се обиде да објасни. 

„Сакав да им се заблагодарам на сите Иранци кои живеат во Лос Анџелес, тие создадоа одлична атмосфера. Прославата ми падна на памет во моментот, а гестот беше наменет за сите навивачи, тоа беше само прослава ништо повеќе“, изјави Мохеби.