УЕФА го скрати списокот со можните противници на Вардар во ЛШ

Екипата на Вардар летово се враќа во квалификациите од Лигата на шампионите, а сега ги дозна и шестте можни противници.

Вардарци квалификациите ги почнуваат од првото коло и можни противници се Шамрок од Ирска, Купс од Финск, Рига од Летонија, Флора од Естонија, Ларне од Северна Ирска и велшкиот ТНС.

Последен пат Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите играше во 2017 година кога по елиминацијата во третото квалификациско коло од Копенхаген продолжи во плеј-офот за Лига Европа и успеа двапати да го победи Фенербахче за место во групната фаза.

Минатата година „црвено-црните“ беа дел од квалификациите за Конференциската лига каде што ги запре Лозана во второто коло.

Првите натпревари на програмата се на 7/8 јули, а реваншите 14/15 јули. Ждрепката е закажана за денеска од 16:00 часот.