Нејмар среде Мундијалот објави радосна вест, петти пат ќе стане татко (ВИДЕО)
Нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште едно девојче, кое ќе биде трето на двојката, Нејмар од претходно има и уште две деца.
„Ќе полудам. Ќе основам музичка група и ќе се вика Спајс грлс, се пошегува Нејмар во објавата со која радосната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Во видеото што го објави двојката се појавуваат нивните две ќерки, двегодишната Мави и единаесетмесечната Мел. Дел од снимката е и 14-годишниот Дави Лука, синот на Нејмар од врската со инфлуенсерката Карол Дантас.
Бразилскиот ас има и ќерка по име Хелена од врската со Аманда Кимберли. Хелена е родена во период кога Нејмар веќе беше во врска со Бијанкарди, што тогаш предизвика привремено разделување на парот.
🚨 SÉQUENCE ÉMOTIONS ! 👶
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 16, 2026
Neymar Jr 🇧🇷 va être papa pour la 5ème fois. 🥹pic.twitter.com/4tgEYfHqzY
Ќе потсетиме, повикот на Нејмар во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство предизвика бројни реакции во јавноста. Голем дел од навивачите вршеа притисок врз селекторот Карло Анчелоти да го вклучи искусниот напаѓач во составот.
Во моментов Нејмар се опоравува од повреда и го пропушти првиот натпревар против Мароко, a следниот предизвик за Бразилците е дуелот со Хаити кој е закажан за ноќта помеѓу петок и сабота во 02:30 часот по средноевропско време.