Ливерпул не запира: По Баркола сака уште една ѕвезда на ПСЖ (ФОТО)

Англискиот гигант Ливерпул е во преговори со ПСЖ, но не само поради трансферот на Бредли Баркола, туку и за 18-годишниот Ибрахима Ембаје.

Младиот фудбалер имал неколку повици од бундеслигаши, а дури требало да биде и замена за Јан Диоманде во Лајпциг, меѓутоа тоа не се случило.

Повикот од Ливерпул му ги сменил плановите, па неговиот агент веќе имал состанок со „црвените“ и се очекува наскоро да постигнат договор.

Фото: Facebook/AFC Bournemouth