Деко „уловен“ во Мадрид: Барселона подготвува спектакуларен трансфер (ВИДЕО)

Барселона наскоро би можела да реализира еден од најзвучните трансфери во летниот преоден рок, а шпекулациите од Шпанија дополнително ги „разгоре“ спортскиот директор на каталонскиот тим, Деко.

Деко бил забележан во Мадрид, а неколку шпански новинари објавија дека неговата намера била да го договори потписот на Хулијан Алварез.

Алварез веќе некое време се поврзува со трансфер во Барселона, иако Атлетико Мадрид одби да го продаде, но во следните денови би можела ситуацијата да се промени.