Македонија ќе биде домаќин на Европско првенство во 2028 година!
Одлуката ја донесе Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни, со што РФМ ја доби довербата да биде домаќин на едно од најпрестижните младински натпреварувања во европскиот ракомет. Континенталниот шампионат ќе се одржи од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува нова можност Македонија да ги покаже своите организациски капацитети и долгогодишната традиција во организирањето големи ракометни настани.
Доделувањето на организацијата на ЕП за играчи до 18 години е уште една потврда за угледот што македонскиот ракомет го ужива во Европа.