Расел прв ќе тргне во Барселона, Леклер повторно потфрли (ВИДЕО)

Тимот на Мерцедес имаше одлични квалификации во Барселона, а пол-позицијата му припадна на Џорџ Расел.

Расел ќе тргне пред неговиот сонародник, Луис Хамилтон додека од третата позиција ќе стартува тимскиот колега на Расел, фантастичниот Кими Антонели кој е во серија од пет победи во низа од почетокот на сезоната.

За Расел ова е прва пол-позиција по квалификациите во Канада.  Зад првата тројка следуваа: Хаџар, Пјастри, Лосон и Хулкенберг.

Шарл Леклер одново имаше лош ден, па по излетувањето во Монако и сега заврши во заштитната ограда.

Утрешната трка е закажана за од 15:00 часот.