БиХ води во Торонто: Лукиќ ја затресе мрежата на Канада (ВИДЕО)

Фудбалерите на Босна и Херцеговина водат со 1-0 против Канада во Торонто, откако Јово Лукиќ во 21. минута ја затресе мрежата на домаќинот.

По изведен корнер, Лукиќ се најде на вистинско место и со глава ја испрати топката во голот на Канада.

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine