Ѕвезда на Гана не доби дозвола за влез во Канада - ќе го пропушти првиот меч на СП!
ФИФА соопшти дека Парти не може да патува од базата на репрезентацијата во Бостон кон Торонто за дуелот против Панама, кој е закажан за 17 јуни.
Светската куќа на фудбалот наведе дека не учествува во имиграционите процедури на земјите домаќини и конечната одлука за влез во земјата ја носат државните институции.
Парти претходно беше обвинет во Англија за силување и сексуален напад, а тоа најверојатно е една од причините поради кои му била одбиена визата.
Фото: Facebook/Ghana Football Association