Барселона ќе го тужи Перез за клевета!
Гигантот соопшти дека почнува правна постапка поради изјавите кои ги дал Перез на прес-конференција на 12 мај, кога ја обвини Барселона за измама и побара да ѝ бидат одземени титули.
Барселона ја информира јавноста дека доколку Перез не ги повлече своите изјави и не се извини, тогаш клубот ќе ја поднесе тужбата против првиот човек на „кралскиот клуб“.