Познати се составите: БиХ ќе тргне без Џеко против Канада (ФОТО)

Вечерва од 21 часот ќе се соочат Босна и Херцеговина и Канада на Светското првенство (СП), а селекторите ги избраа фудбалерите со кои ќе излезат на теренот.

БиХ ќе го почне натпреварот со Васиљ, Мухаремовиќ, Колашинац, Тахировиќ, Дедиќ, Демировиќ, Башиќ, Мемиќ, Катиќ, Бајрактаревиц и Лукиќ, додека искусниот Џеко останува на клупата.

Канада ќе тргне со Крепо, Ларјеа, Корнелиус, Де Фужер, Џонстон, Естакио, Коне, Буканан, Милар, Дејвид и Олувасеји.

Натпреварот се игра од 21 часот на стадионот во Торонто, Канада.

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine