На кој јазик зборуваше судијата!? (ВИДЕО)

Бразилскиот судија Вилтон Сампајо кој вчера ја делеше правдата на мечот меѓу Мексико и Јужна Африка стана хит поради повеќе работи, а една од нив е и неговиот англиски јазик.

Сампајо беше хит поради технологијата која ја носеше на главата, поради трите црвени картони кои ги даде, но најголемо внимание привлече неговиот англиски јазик.

Судијата требаше да гледа ВАР во една ситуација за да одлучи дали е црвен картон. Откако ја виде снимката, требаше на глас да ја соопшти одлуката. Брзо стана јасно дека англискиот не само што не му е совршен, туку е и многу тешко разбирлив, но некако се снајде, ги кажа клучните зборови.

Сепак, неговиот англиски стана хит на интернет и поттикна креација на многу мемиња.