Пандев утре повторно ќе истрча на „Сантијаго Бернабе“ - во дресот на Интер!
Станува збор за традиционалниот „Корасон Класик“, кој повторно ќе собере дел од најголемите имиња на европскиот фудбал, а нашиот фудбалер ќе биде меѓу поранешните ѕвезди кои ќе го носат дресот на италијанскиот гигант. Покрај македонската легенда, за Интер ќе настапат и Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Мајкон, Лусио, Џампаоло Пацини, Родриго Паласио, Давид Суозо и Антонио Кандрева. Стручниот штаб на „нероазурите“ ќе го предводи клупската легенда Џузепе Бергоми.
За Пандев, ова ќе биде уште едно враќање на стадионот каде испиша дел од најсветлите страници во својата кариера. Токму на „Сантијаго Бернабеу“ во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо, тој со Интер ја освои титулата во Лигата на шампионите.