Силекс се засили со двајца фудбалери од БиХ
Хасукиќ се сели во Кратово од редовите на Гошк Габела за кој одигра 19 натпревари, а притоа постигна 13 голови и две асистенции.
Шеро доаѓа во Силекс по одлична полусезона со Челик за кој настапи на 24 меча, а притоа постигна осум голови и две асистенции.
Силекс минатата сезона ја заврши со трофеј во Купот на Македонија, додека во Првата лига го освои четвртото место.