Столески ја однесе Шкендија во Прва лига, па доби - нов договор!

Антонио Столески и во наредната сезона ќе го брани голот на Шкендија Арачиново, новиот прволигаш потврди дека голманот ставил потпис на нов договор.

Столески беше фантастичен во баражот против Пелистер, тој беше херојот на клубот од Арачиново со неколку одбранети пенали. Еден фати во текот на играта, а останатите во пенал серијата.

Шкендија Арачиново и Столески се договорија за продолжување на соработката, тој ќе оставне во клубот и во наредната сезона.

Овој клуб избири историски пласман во Првата македонска лига, па наредната сезона ќе биде посебна за арачиновци.