Gorenje ја носи атмосферата на FIFA World Cup 2026™ директно во вашиот дом
Додека најдобрите репрезентации во светот ќе се борат за трофејот, Gorenje сака да им овозможи на навивачите секој гол, секоја одбрана и секој важен момент да ги доживеат максимално опуштено, без грижа за секојдневните ситници. Затоа што најголемите фудбалски моменти се најубави кога се споделуваат — дома, со најблиските.

Кога технологијата ја олеснува навивачката еуфорија
Повеќе од 75 години, Gorenje развива апарати за домаќинство кои го поедноставуваат секојдневниот живот, комбинирајќи модерен дизајн, напредна технологија и долготраен квалитет. Одржливоста и енергетската ефикасност остануваат важен дел од филозофијата на брендот, па затоа уредите се дизајнирани да ја намалат потрошувачката на енергија и да ја олеснат секојдневната рутина.
За време на летните вечери исполнети со фудбалска тензија, токму овие детали прават разлика. Од подготовка на храна и разладување на пијалаци, до мраз подготвен за прослава по гол — Gorenje апаратите за ладење овозможуваат фокусот да остане на натпреварот и дружењето со семејството и пријателите.
Фрижидери подготвени за големи фудбалски вечери
За поголеми собирања и навивачки вечери дома, моделот NRK6192AXL4 самостоен комбиниран фрижидер нуди голем капацитет — доволно простор за сè што е потребно за време на маратонско следење натпревари. Благодарение на Total NoFrost системот, нема создавање мраз ниту потреба од одмрзнување, додека интелигентниот AdaptTech систем ги следи навиките на корисникот и автоматски го прилагодува ладењето, за храната подолго да остане свежа со помала потрошувачка на енергија.
За љубителите на организирани и функционални кујни, вградниот комбиниран фрижидер NRKI418EP1 нуди зголемен капацитет и NoFrost систем кој спречува создавање мраз и мешање на мириси. Големата фиока за овошје и зеленчук CrispZone е дизајнирана да ги зачува хранливите вредности и да ја продолжи свежината на намирниците, благодарение на пониската температура која го одржува нивниот квалитет подолго време.
Летни освежувања и атмосфера како на стадион
Вистинската фудбалска атмосфера тешко може да се замисли без доволно мраз за пијалаци и летни освежувања. Токму затоа, ледоматот Gorenje IMC1200B може да произведе до 12 килограми мраз дневно, додека првите коцки се подготвени за само неколку минути. Со можност за избор на две големини коцки, лесно се прилагодува на различни пијалаци и прилики.

Специјални промоции за време на FIFA World Cup 2026™
Со започнувањето на FIFA World Cup 2026™, секој натпревар станува повод за собирање, дружење и создавање спомени. Со внимателно дизајнирани Gorenje апарати кои го поддржуваат секој чекор — од подготовка на храна до прослава по победата — навивачите можат без пречки да уживаат во фудбалската еуфорија.
Дополнително, за време на FIFA World Cup 2026™ се достапни и специјални промотивни понуди за Gorenje NoFrost фрижидери со подарок пакет Coca-Cola Zero, со цел подготовката на домот за најголемото спортско лето да биде уште поедноставна.