ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Змејовите имаат канадски испит, САД сакаат резултат со Покетино
Исто како вчера, денеска на програмата се два натпревари. Од 21 часот почнува дуелот меѓу Босна и Херцеговина и домашната селекција на Канада.
Од пласманот на Светското првенство, па до денеска, возбудата како воопшто да не ги напушти Босанците. Чекањето дојде до крајот, тие денеска ќе влезат во првата мундијалска битка против Канада.
Канаѓаните се фаворити на хартија, но БиХ не е помалку квалитетна. На трибините Босанците можеби ќе имаат помалку навивачи, но речиси сигурно е дека тие ќе ги надвикаат домашните фанови.
Во три часот по полноќ е дуелот меѓу САД и Парагвај. Домаќинот под водство на Маурисио Покетино сака да покаже мускули на овој Мундијал, но Парагвајците се селекција со поголемо фудбалско педигра и сигурно нема да истрчаат со бело знаме на теренот.
Денеска на Мундијалот:
21:00 Канада - БиХ
03:00 САД - Парагвај