Мундијалот почнува на местото каде Марадона ја искористи „божјата рака“ (ВИДЕО)

Светското првенство (СП) ќе почне вечерва од 21 часот со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, кои ќе играат на култниот стадион „Ацтека“, каде што се случија многу важни моменти во историјата на фудбалот.

Еден од нив се одигра на 22 јуни 1986 година кога Аргентина ја победи Англија во неверојатно четвртфинале, а тогаш Диего Марадона го постигна голот познат како „божјата рака“.

„Ацтека“ ќе ја памети и третата светска титула на Бразил, кој на 21 јуни 1970 година славеше против Италија со 4-1, а еден од голвоите постигна Пелекој потоа стана првиот и единствен фудбалер кој три пати го освоил трофејот на Мундијалите.