Второлигашите почнуваат на 15 август - познат е распоредот (ФОТО)
Првенството ќе започне на 15. август, а во првото коло Пелистер ќе го пречека новајлијата Камјани, Брера е домаќин на Еуромилк Горно Лисиче, Македонија ЃП ќе се сретне со Тетекс, а Работнички ќе ги одмери силите со Кожуф.
Ќе биде интересно да се види дали Шкупи ќе направи конкурентен тим, тие во првото коло го пречекуваат Детонит. Охрид кој не успеа да влезе во ПМФЛ, игра против Новаци, има и дерби на истокот во кој Беласица е домаќин на Осогово.
