Инфантино: Бев подготвен со автобус да одам до Техеран по Иранците
Иран пристигна на Мундијалот и ќе учествува според претходно планираното. Инфантино е среќен поради тоа.
„Кога многумина зборуваа дека ќе биде невозможно Иран да дојде на Светското првенство, јас им кажав и им ветив дека ќе бидат дел од турнирот. Дури реков дека, доколку е потребно, со автобус ќе заминам до Техеран и лично ќе ги донесам овде. Тие ми одговорија дека самите ќе седнат зад воланот ако треба, бидејќи се квалификуваа и сакаат да играат. Тоа е вистинскиот дух на фудбалот“, изјави првиот човек на светската куќа на фудбалот.
Но, не беше се идеално за Иран. половина од стручниот штаб не им беше пуштен во САД. Иранските навивачи не ги добија предвидените блок карти.