Maкедонец кој кариерата ја градеше во Словенија и бил дел од Ал Хилал ќе го води Тиквеш!

Eкипата на Тиквеш вечерва го потврди својот нов тренер и тоа е Оливер Богатинов, Македонец кој својата тренерска кариера ја градеше во Словенија.

Речиси целата своја кариера досега, Богатинов ја помина во словенечкиот фудбал, а последниот ангажман пред доаѓањето во Кавадарци го имаше во Горица со која се натпреваруваше во Втората лига.

Претходно ги водеше екипите на Копер, Радомље, Алуминија, Мура и Олимпија. Во еден период од кариерата извршуваше и функција на спортски директор во Марибор.

На почетоците од кариерата беше дел и од саудискиот гигант Ал Хилал како тренер во младинските категории и тоа беше негово единствено искуство надвор од Словенија.