Илиевски го објави списокот: Македонија без Ристевски и Митев оди на ЕП (ФОТО)

Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Игор Илиевски го објави списокот со ракометари кои ќе бидат дел од завршните подготовки за Европското првенство (ЕП).

Илиевски на списокот избра 18 ракометари кои ќе бидат дел од подготовките за настапот на натпреварувањето во Романија, а на листата ги нема Самоил Ристевски и Дамјан Митев.

Македонија го почнува ЕП во Романија во група со Данска, Норвешка и Хрватска. Турнирот ќе се одржи од 8 до 19 јули.