Бивша ѕвезда на Манчестер сити ќе биде замената за Гризман во Атлетико

Атлетико Мадрид е во преговори да потпише договор со португалскиот фудбалер Бернардо Силва, кој претходно се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Новинарот Жерар Ромеро објави дека Барселона испуштила одлична шанса на трансфер-маркетот, со оглед на тоа дека можела да се засили бесплатно со Силва.

Засега нема потврден договор меѓу ниту една страна, но новинарот објави дека Силва е блиску до потпис со Атлетико и треба да биде замена за Антоан Гризман, кој претходно замина од Мадрид.

Фото: Atletico Madrid/Facebook