Најдобриот африкански судија не влезе во САД зашто бил поврзан со - терористичка организација!?

Сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан, кој беше избран од ФИФА да суди на Светското првенство (СП), не доби дозвола да влезе во САД, а конечно е откриена и причината поради таа одлука.

Артан, кој беше прогласен за најдобар африкански судија, беше задржан на аеродром и потоа вратен назад во Турција, а американските власти велат дека е одбиен поради тоа што е поврзан со сомнителни лица од терористичка организација.

„САД соопштија дека на сомалискиот судија Омар Артан му е одбиен влез затоа што е поврзан со сомнителни членови на терористичка организација“, објави новинарот Фабрицио Романо.