Драма пред СП: Масовни протести низ улиците, војска ги чува стадионите (ВИДЕО)

Мексико Сити се соочува со масовни протести пред почетокот на Светското првенство (СП) во фудбал. Илјадници наставници, но и земјоделци решија да ги блокираат главните патишта кон стадионите.

Земјоделци, здравствени работници, наставници и други лица се приклучија на масовните протести и бараат повисоки плати и реформи во пензискиот систем.

Демонстрантите се заканија дека ќе го блокираат отворањето на Мундијалот, односно мечот меѓу Мексико и Јужна Африка доколку Владата не ги исполни нивните барања.

Владата претходно објави дека навивачите се безбедни и војска ги чува стадионите за да не се случи поголем хаос.

Првиот натпревар на СП 2026 се игра меѓу Мексико и Јужна Африка в четврток од 21 часот.