Манчестер јунајтед се ослободи од фудбалери кои ги плати 170 милиони евра

Англискиот гигант Манчестер јунајтед потврди дека од клубот како слободни агенти си заминуваат Џејдон Санчо, Касемиро и Тајрел Маласија.

Санчо пристигна на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра пред пет години, но левото крило одигра само 83 натпревари и постигна 12 голови и шест асистенции.

Касемиро пристигна пред четири години од Реал Мадрид за 70 милиони евра, а тој остави подобар впечаток од Санчо и настапи на 160 меча, при што постигна 26 погодоци, а асистираше за 14 голови.

Маласија го засили Јунајтед пред четири години од Феенорд за 15 милиони евра, но минатата сезона одигра само 15 минути.

Фото: Facebook/Manchester United