КФМ ја продолжи соработката со еден од главните спонзори!

Челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) денеска изразија искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија.

Од КФМ истакнуваат дека продолжувањето на партнерството претставува силна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува државата на меѓународната сцена.
 
Финансиската и организациската поддршка за најдобрата репрезентација, како што се наведува, има клучна улога во остварувањето на спортските цели, како и во обезбедувањето на оптимални услови за подготовка и настап на репрезентативците.
 
Во име на Федерацијата, стручниот штаб и играчите, КФМ упати благодарност до раководството на Комерцијална банка за препознавањето на значењето на континуираната поддршка на националниот тим.
 
Од Федерацијата изразуваат уверување дека и во периодот што следува, со заедничка соработка ќе се работи во интерес на македонската кошарка, со цел нови успеси и резултати кои ќе донесат радост и гордост кај спортската јавност во земјава.