Омерагиќ: Казната на Вардар можеше да биде и поголема!
Тој, во изјавата дадена на денешниот брифинг со новинарите, вели дека македонската Куќа на фудбалот е листа и дека истрагата била долготрајна. УЕФА, иначе, ги казнила „црвено-црните“ поради лошо финансиско работење, како и двојни договори и фалсификати кои се правеле во таа сезона.
„УЕФА нѐ конктактираше и истрагата траеше пет-шест месеци. Ова не е нешто врз кое може да влијае на ФФМ. Федерацијата е чиста и нема никаква врска со рејтингот. УЕФА донесе ваква одлука, таа можеше да биде и полаша и Вардар да не игра во Европа. Паричната казна е висока, но добро е што нема елиминација“, дополни Омерагиќ.
Тој подоцна го анализира изминатото првенство, по кое Вардар стана шампион.
„Имавме добра сезона, немавме скандалозни одлуки на ВАР. Имавме тешко првенство, испаднаа клубови со традиција, но тие треба да ја бараат вината во своите редови. Сега почнуваме со нов систем натпреварување, четирикружно. Сите реформи за оваа сезона се спроведоа во рамки на рекордно време. Некои случувања како после натпреварите како што беше во купот. За да беше оваа година комплетно совршена требаше да отидеме само уште на СП, меѓутоа кога ќе видиме какви репрезентации не се пласираа јасно е колку беше тешко“, објасни Омерагиќ.
Тој се осврна и на новите членови на Првата лига.
„Испративме мејлови до Скопје и Шкендија Арачиново дека во најбрз рок мораат да извршат лиценцирање за да можат да играат во елитата. Тука не се прашуваме ние тоа се прописи кои мораат да се почитуваат. Тие мејлови наскоро ќе бидат објавени“, прокоментира Омерагиќ.