Милан му дава одврзани раце на Модриќ, Хрватот сам одлучува за својата иднина!

Нејасно е дали Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Милан, дали ќе стави крај на кариерата или ќе одбере некоја трета опција.

Италијанскиот медиум, „Газета дело Спорт“ пишува за ситуацијата на Хрватот.

Според нив, Милан му дал одврзени раце на Лука Модриќ сам да одлучи дали ќе го продолжи договорот на уште една година.

Клубот сакал одлука од Хрватот пред почетокот на Мундијалот, но тоа нема да се случи. Откако Милан не избори пласман во Лигата на шампионите и го отпушти Алегри, Модриќ сака да почека и да види во која насока сега ќе тргнат росонерите.

Одлуката ќе ја донесе по завршувањето на настапот на Светското првенство.