СП во САД може да донесе сцени какви фудбалот не памети!
Досега видовме дека Американците не се прилагодуваат на Светското првенство и своите закони ги почитуваат премногу ригорозно, нешто што им направи проблем на многумина учесници на Мундијалот и создаде срамна слика за организаторот.
Таквата слика може да продолжи и за време на првенството поради нивните безбедносни мерки.
Натпреварот мора веднаш да биде прекинат доколку се забележи гром на околу 13 колометри од стадионот или поблиску.
Во таков случај играчите одат во соблекувалните, а гледачите се упатуваат кон безбедните места на стадионот. Откако ќе поминат 30 минути од громот, натпреварот продолжува. Но, доколку во тој половина час се појави нов гром, часовникот се ресетира и одбројувањето започнува повторно.
Такви ситуации гледавме на Светското клупско првенство, натпреварите може да бидат одложувани со часови поради лошите временски услови.
За време на Мундијалот како ризични за вакви ситуации се посочуваат Мајами, Хјустон и Канзас Сити каде летните бури се честа појава.