Џеко на СП ќе игра во копачки дизајнирани од Македонец!
Дизајнот е инспириран од прекарот „Босанскиот змеј“ и вклучува рачно изработени елементи во сина боја, со босанското знаме и детали изведени со 18-каратно течно злато - симбол на големината, лидерството и наследството што Џеко го остава зад себе.
„Един е еден од најголемите спортисти што излегле од Балканот - капитен, лидер и, пред сè, одличен човек. Особено ми е драго што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој беше на самиот врв на нашата листа на желби. Сите имиња со кои сме соработувале имаат статус на GOATs и се најдобрите во своите генерации и лидери на своите репрезентации. Со овие соработки, на некој начин и Македонија ќе биде присутна на Светското првенство“, вели Грабулоски.
Копачките се дел од серијата ексклузивни спортски проекти на Swithadot Studios, студио кое досега има изработено уникатни парчиња за над 400 светски спортски и музички ѕвезди.
Уникатните патики изработени за Џеко се уште едно македонско дело кое ќе биде дел од најголемиот фудбалски спектакл на планетата.





