„Заминувањето на Меси од Барселона беше историска грешка!“

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу се потсети на заминувањето на Лионел Меси од актуелниот шпански шампион.

Бартомеу смета дека заминувањето на Меси била историска грешка и Барселона не смеела да дозволи такво нешто.

„Заминувањето на Меси од Барселона беше историска грешка. Лионел беше важен фудбалер за нас на теренот, но и во комерцијалниот дел. Проблемите со финансии кои ги имаме може да се објаснат со неговото отсуство. Погледнете само што направи во ПСЖ и Интер Мајами. Тој е многу повеќе од фудбалер“, кажа Бартомеу.