Официјално: Реал Мадрид плати 15 милиони евра за потписот на Мурињо!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го ангажира португалскиот тренер Жозе Мурињо, а за неговиот потпис мораше да ѝ плати 15 милиони евра на Бенфика.

Иако „кралевите“ имаа опција да платат речиси три пати помалку пари, сепак претседателските избори го одложија ангажманот на Мурињо, а со тоа се зголеми и неговата цена.

„Бенфика може да потврди дека Реал Мадрид ќе исплати 15 милиони евра за потписот на Мурињо“, соопштија од португалскиот клуб.

Мурињо се враќа во Реал Мадрид, каде што претходно беше тренер од 2010 до 2013 година.