Перез на Мурињо може да му донесе и големо засилување од Арсенал
Идниот тренер на мадридскиот гигант, Жозе Мурињо, наводно побарал доаѓање на Калафиори. „Специјалниот“ се враќа на клупата на „кралевите“ откако Флорентино Перез повторно беше избран за претседател.
Договорот за позицијата на Мурињо како главен тренер се финализира, а според „Скај Спорт Италија“, клубот веќе работи на исполнување на неговите барања.
„Скај“ тврди дека претставници на Реал биле во контакт со своите колеги од Арсенал за да побараат информации околу достапноста на Калафиори. Мадриѓаните покажале интерес да го донесат ова лето, но засега сè уште не се поминати почетните разговори.
Реал Мадрид планира дополнително да ја засили одбраната и со потпис на десниот бек Дензел Дамфрис од Интер. Холанѓанецот би можел да го напушти клубот за обесштетување од околу 20 милиони евра, поради откупната клаузула во неговиот договор која стапила на сила овој месец.