Тетово беше домаќин на „Денот на спортот“, како единаесетти град во рамките на „Плазма спортските игри на младите“, настан кој донесе одлична атмосфера, многу енергија, насмевки и спортски дух на градскиот плоштад.

Повеќе од 500 деца имаа можност да учествуваат во различни натпреварувачки дисциплини, меѓу кои Coca Cola Cup 2011, мал фудбал 2015, одбојка, баскет 3х3, народна 2015 и 2017, како и атлетика. Младите учесници покажаа фер-плеј, тимска игра и голема мотивација, со што уште еднаш беше истакната мисијата на игрите, спорт достапен за секое дете.

Посебна тежина на настанот му даде присуството на бројни спортски имиња и легенди кои оставиле силен белег во македонскиот спорт. Меѓу нив беа Агим Ибраими, Ќатип Османи, Хабиј Ајети, Ивица Хаџиилјоски – Чајка, Стојмир Урошевиќ, Борче Јовановски, Плумб Вела, Берат Имери и Ибрахим Османи.

Заедно со младите спортисти и маскотата Виктор, тие свечено го означија почетокот на Игрите со носење на Пламенот на пријателството, испраќајќи силна порака за спортско единство и дружење.