ФФМ назначи нов заменик-директор на Центарот за едукација

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука да го разреши Висар Ганиу од функцијата заменик-директор на Центарот за едукација.

На негово место именуван е Менсур Јакупи, кој е истакнат фудбалски работник и тренер кој зад себе има долгогодишно искуство македонскиот фудбал.

Низ кариерата беше дел од повеќе младински школи меѓу кои Гостивар и Шкендија, а исто така работеше и како селектор на репрезентациите на Македонија до 17 и 19 години.

Во последните години беше и активно вклучен во процесот на едукација на тренери како инструктор и предавач во рамки на Центарот за едукација при ФФМ